Аутизмот може да се детектира и во првата година од животот

autizam.jpg

Тим американски научници открија дека аутизмот може да се открие многу порано од појавата на првите симптоми и дека неговите знаци можат да се детектираат со користење на магнетна резонанца.

Моментно точна дијагноза на аутизам може да се постави најрано на возраст од две години, а тоа е веќе возраст кога некои проблеми како неможност за составување на посложени реченици или воспоставување на контакт со очите, достигнуваат високо ниво.

Новата студија меѓутоа покажува дека аутизмот може да се дијагностицира уште во првата година од животот, што претставува голем исчекор кој ќе им помогне на лекарите да го предвидат ризикот од развој на болета.

Откритието може да доведе до ран тест, па дури и терапија која делува додека мозокот е по прилагодлив.

Студијата е објавена во списанието „Нејчр“, а во истражувањето биле вклучени 48 бебиња за кои се сметало дека имаат зголемен фактор на ризик да развијат аутизам, бидејќи имаат постар брат или сестра со таа дијагноза.

Откриено е дека бебињата кои подоцна развиле аутизам имале многу побрз раст на вијугите на површината на мозокот, од децата кои не развиле аутизам. Тој побрз раст е поврзан и со појавата на други симптоми во втората година од животот, како што е задоцнето прозборување и невклучување во игра.

Истражувачите врз основ на сите информации кои ги добиле од оваа студија, креирале алгоритам кој им овозможил во дури 80 отсто случаи успешно да предвидат дали бебето ќе развие аутизам до втората година на животот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail