filmovi-vo-avion.jpg

ден од начините да се справите со здодевноста на авионските летови е да гледате филмови. Но, дали некогаш сте се прашале кој е задолжен за изборот на филмови кои треба да се прикажат на летот, дали постои специјална позиција за тоа и дали авиокомпаниите го сметаат изборот за важна точка.

Филмовите во авион служат да го скратат времето, па затоа се претежно забавни, но многу фактори по однос на ова прашање зависат и од компанијата со која летате.

На пример, „Сингапур ерлајнс“ меѓу вработените има повеќе од 70 филмски професионалци кои работат низ целиот свет. Потпретседателот на Комисијата за иновации во компанијата, Јунг Хан, вели дека членовите на Одборот за ревизија на филмови кои работат во Сингапур заседаваат секој месец, а оние што работат на друго место своите мислења ги доставуваат по е-пошта.

„Членовите на Одборот даваат свои мислења, гласови и критики и со тоа помагаат во клучен увид за она што е популарно или контроверзно во нивните матични земји и со нас одржуваат контакт за трендовите или актуелните локални изданија“, објаснил Хан.

Тој истакнал дека популарноста, добиените признанија и почитувањето на културните норми се најважните стандарди при изборот на филмови и дека филмовите доаѓаат пред патниците не подоцна од три месеци по премиерата.

Желбите на патниците се исто така важен дел кога се работи за изборот на филмови. Повратните информации секако влијаат на одлуките, но иако на некои барања не може да им се одговори веднаш, постои добра шанса посакуваниот филм да биде меѓу селектираните за следната сезона.

Првата авиокомпанија што вгради екрани на седиштата беше „Емирати ервејс“ уште во 1992 година. За изборот на филмови се задолжени осуммина работници, а нивна работа е да гледаат и бираат наслови и да ги запишуваат впечатоците на патниците за филмовите.

Некои авиокомпании избираат филмови во зависност од дестинацијата, а други, пак, овозможуваат широк избор за патниците.

Така, компанијата УАЕ на своите клиенти им нуди датотека која содржи околу 700 филмски наслови.

извор: Макфакс

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail