Авионска карта до САД – достапна за 99 долари

de47d13e6ce2ad4cc089b2f7663be7f5c2a38765.jpg

Нискобуџетната авиокомпанија Norwegian Air Shuttle воведе ниска цена на летови во САД од Европа. Истото го најавија и British Airways, Air France-KLM и Lufthansa.

За да САД никогаш повеќе не биде далечна земја и многу подостапна за патување се погрижи нискобуџетната авиокомпанија Norwegian Air Shuttle, која лета на релација Осло-Бостон за цена од 100 долари.

Понудите на овие нискобуџетски летови ќе почнат од јуни, проширена е линијата од Даблин, Единбург, Белфаст, Корк и Шенон, кои ќе бидат поврзани со пристаништата кои се одалечени два часа од Њујорк, пренесуваат Bradley, Providence и Stewart. Досега се веќе продадени 10 илјади билети по цена од 65 долари, а потоа ќе има можност да се купат билетите по цена од  99 долари.

За фактот дека нискобуџетните летови се несигурни не треба да се грижите, бидејќи оваа компанија ги намали своите трошоци при летање на помали аеродроми во САД кои имаат пониски трошоци.

British Airways, Air France-KLM и Lufthansa исто така најавија евтини летови за оваа година. Коцката е фрлена! Ни останува да се надеваме дека овој пример ќе го следат и многу други авиокомпании.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail