АВРМ ќе го промовира проектот за самовработување со кредитирање

avrm.jpg

Во Агенцијата за вработување денеска ќе биде најавен почетокот на имплементација на проектот Самовработување со кредитирање.

Станува збор за мерка со која на заинтересираните невработени лица, активни баратели на работа, коишто сакаат да започнат сопствен бизнис ќе им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн.

Детали за проектот ќе презентира директорот на Агенцијата за вработување Влатко Попоски.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail