Австралија создава своја вселенска агенција

avs.jpg

Австралија ќе се приклучи на растечката глобална вселенска индустрија откако владата на Турнбул се заложи за создавање на национална вселенска агенција.

Соопштението е објавено по повиците од Интернационалната астронаутичка федерација, која ја одржува годишната конференција во Јужна Австралија и од астронаутот Енди Томас, роден во Аделаида, за Австралија да се приклучи кон оваа индустрија.

„Глобалната вселенска индустрија рапидно расте и од клучно значење е Австралија да биде дел од овој раст“, рече актуелната министерка за наука, Микелиа Кеш, во изјавата.

„Националната вселенска агенција ќе осигури дека имаме стратешки долгорочен план што го поддржува развојот и примената на вселенските технологии и ја развива нашата домашна вселенска индустрија“.

„Агенцијата ќе биде сидро за нашата домашна координација и влезна врата за нашиот меѓународен ангажман“.

Референтна група примила скоро 200 писмени поднесоци, додека повеќе од 400 луѓе биле консултирани низ целата земја.

Групата, со која претседава д-р Меган Кларк ќе го насочи вниманието кон повелбата за националната вселенска агенција со поширока стратегија што се очекува до крајот на март.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail