Австралиски научник работи иако има 102 години

naucnik.jpg

Најстариот австралиски хонорарец е научник кој има 102 години.  Тој и покрај возраста се изборил да работи како соработник на Универзитетот Едит Кауан во Западна Австралија.

Дејвид Гудолу следната година ќе работи од дома затоа што од Универзитетот сметаат дека може да си го загрози здравјето.

По две децении работа му било кажано да си ги спакува работите.

„Се надевам дека ќе продолжам со мојата корисна работа додека видот ми дозволува“ – кажа научникот.

Тој во текот на 70 години работен век напишал 100 трудови, а сега работи хонорарно, но за тоа не добива надомест.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail