Австрија бара триесет илјади работници за зимска туристичка сезона

Hallstatt_in_Winter_Austria.jpg

Австрија бара дури триесет илјади работници за да ја помине престојната зимска туристичка сезона. Особено е погодно за оние кои знаат да зборуваат германски јазик. 

Најмногу се бараат готвачи, келнери и слугинки. Познавањето на германскиот јазик е важен заради постојаниот контакт со гостите, а за готвачите се потребни стручни квалификации – препораки и искуство. Луѓето лесно дознаваат за ваквите прилики бидејќи покрената е и активно работи и „Facebook“ страницата, а огромен број на заинтересирани лица се јавуваат од Хрватска.

Работодавачите го обезбедуваат сместувањето за работниците и храната, па трошоците се минимални. Платата на готвачот зависи од многу фактори : колективниот договор, работните часови, ноќната работа, работата за време на празници. Платите се движат од 1400 до 1850 евра, а келнерите и слугинките во просек се платени по 1350 евра.

Во Салзбург, Тирол и Воралберг се бараа од 3000 до 3500 угостителски работници. Единствена препрека е работната дозвола, но ако работодавачот е заинтересиран да го вработи работникот, тогаш работната дозвола се вади за три недели. Според некои информации, пазарот на работна сила во Австрија за странски работници ќе биде отворен до 2020 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail