Австрија вработува, 45 професии се дефицитарни

Konkurs-za-grantovi-za-studiski-prestoi-vo-Avstrija-vo-ramkite-na-Artists-in-Residence-Programme-2018.jpg

Конкурс за грантови за студиски престои во Австрија во рамките на Artists in – Residence – Programme 2018

Заварувачи, електроинженери, готвачи, сметководители, ѕидари касапи и уште 40 други професии се дефицитарни во Австрија, а ги има во земјите надвор од Унијата.

Австрија воведува и посебен картон за квалификувани клучни работници и планира да ги тргне бирократските пречки како што се неколкугодишно професионално искуство и завршена обука, најмалку 3.078 евра месечна бруто заработка кај работодавачот, долгорочен договор за закуп на престојувалиште итн.

За вработување покрај работодавач кој има потреба од соодветата професија, потребна е и работна дозвола. Станува збор за таканаречена „црвено-бела-црвена карта“ или „Rot-Weiss-Rot-Karte“, за која кандидатот аплицира во Амбасада, откако веќе ќе пронајде работодавач. За побрзо вработување и добивање на оваа дозвола потребна е квалификацијата да е на списокот од 45 дефицитарни професии.

Критериумите по кои се одредува кој ќе добие „црвено-бела-црвена карта“ се квалификациите, работното искуство, познавањето на јазикот, возраста и студии во Австрија (за висококвалификувани професии).

Оваа карта обезбедува дозвола за работа и престој од времетраење од 12 месеци.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail