Едно ново истражување покажа дека наполнето пластично шише содржи повеќе бактерии од тоалетна школка.
Поточно, има речиси 300.000 единици бактерии кои формираат колонии на сантиметар квадратен, што е над просечен тоалет.
– Водата на грлото на шишето е совршено топло место за размножување на бактериите, објасни доктор Еги Мекензи.
Ако имате слаб имунитет, бактериите врз вашето здравје можат да делуваат уште полошо, бидејќи може да добиете дијареа и грчеви.
Затоа експертите препорачуваат пластичните шишиња да се користат еднократно, а подобро е водата да се чува во стаклено шише.