Автономни возила се иднината на автомобилската индустрија

avtonomni-vozila.jpg

Пазарот на автономни возила до 2035 година ќе изнесува 560 милијарди долари и ќе претставува речиси 17 отсто од светскиот пазар на автомобили, предвидува глобалната консултантска компанија A.T.Kearney.

Студијата се заснова на повеќе од 150 интервјуа со извршни директори од компании од целиот свет, кои се многу мотивирани автономните возила да станат прифатлива реалност за корисниците и компаниите. Се очекуваат нови извори на приходи, како и појава на конкурентни сегменти.

Во студијата со наслов “Како производителите на автомобили да ја преживеат ерата на автономни возила” Kearney заклучува дека автономните возила ќе бидат „искра“ на 21-от век, со што ќе се поттикне нов бран на раст.

“Ова ќе биде крај на синџирот на вредност каков што го знаеме, бидејќи традиционалните производители на возила ќе бидат само дел од играчите, кои ќе се борат за делот на колачот од 560 милијарди долари”, истакнува Ана Петриќ, менаџер во Kearney.

Се предвидува поделба на пазарот на возила во три сегменти: премиум, ниско тарифни (low cost) и беспилотни летала (дронови).

“Се доведуваат во прашање бизнис моделите на производителите на возила од средната класа, како што се Тојота, Фолксваген, Сеат и Цитроен, смета Петриќ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail