Автопилотот на „Tesla“ за 40% ги намалува сообраќајните незгоди

tesla-motors.jpg

Асистентот за возење на Tesla, познат како Автопилот, е ослободен од вината. Министерството за транспорт на САД ја затвори истрагата за судирот од 7 мај во кој загина возачот кој управувал со автопилотот кога се судри со трактор со приколка. Доказите кои ги обезбеди Tesla вклучуваа и податоците за процентот на сообраќајни незгоди предизвикани од беспилотни возила.

Tesla е во уникатна позиција да го определи влијанието на Автопилот во процентот сообраќајни незгоди затоа што иако сите возила на Tesla го имаат потребниот хардвер за Автопилот, потребна е надградба на софтверот која чини илјадници долари за да функционира Автопилот. Бидејќи возачите можат да го додадат Автопилотот по купувањето на автомобилот, може да се направи споредба пред и потоа.

Податоците покажуваат дека со инсталирањето на Автопилот се превенираат сообраќајните незгоди за дури 40%. Репутацијата на Tesla претрпе многу по откривањето на смртта на возачот на нивни автомобил. Тоа го смени начинот на кој луѓето ги гледаат беспилотните возила, иако илјадници судири годишно се случуваат со обични возила.

Единствената статистика која Tesla ја понуди во своја одбрана беше недоволна: тие потенцираа дека пред Автопилот да направи сообраќајна незгода поминаа повеќе од 200 милиони километри, додека на национално ниво во САД таа просечна километража е околу 160 милиони километри. Со само една жртва оваа статистика одеше во прилог на Tesla.

И покрај тоа што заврши истрагата на Министерството за транспорт на САД со позитивен исход за Tesla, се одвива нова истрага на Националниот одбор за безбедност во сообраќајот и ќе презентира заклучоци летово. Во меѓувреме Автопилотот се развива. Tesla направи нова верзија нова верзија на софтверот под името Tesla 8.0. Надградбата го обврзува возачот почесто да го допира воланот, повеќе се потпира на радари како и на камерите и ултразвучните сензори.

Според Илон Маск, новата верзија на Автопилот би ја предвидела сообраќајната незгода со тракторот. Во октомври минатата година компанијата почна да го извезува хардверот за Автопилот со подобрени сензори и најави дека во иднина целосно ќе се автоматизира возењето. Секој нивни автомобил сега има 8 камери и десетици сензори за на возачот да му обезбеди поглед од 360 степени.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail