Книгата и официјално се продава на најпозната платформа во светот за купување онлајн – Амазон
Англиската верзија на една од најпопуларните и најпродаваните книги кај нас за минатата година „Будење на свеста“ од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ, отсега може да се купи и преку најпознатата и најголема онлајн платформа за пазарување Amazon.com. По успешната промоција на европскиот пазар и веќе достапноста во 160 милионскиот пазар, од вчера „Awakening Consciousness“ стана официјално достапна на Амазон со што и официјално целосно го освојува глобалниот пазар.
“Среќни сме што нашата книга, со полн наслов: Awakening Consciousness: A Complete Guide for Personal and Collective Transformation, отсега е достапна на најголемата онлајн платформа во светот за пазарување – Amazon. Книгата веќе се продава во Америка, Канада, Велика Британија, Германија, Франција, Јапонија, Мексико и Шпанија, како и на останатите пазари каде што Амазон е присутен. Книгата може да се нарача во две верзии: електронски како “eBook” во Kindle формат, и тоа по одлична достапна цена и идеална за период кога седиме дома, но истата може да се порача и во нормалната мека корица или т.н. “Paperback” верзија. Цената за Kindle верзијата е 7.99 УСД, а штампаната верзија изнесува 13.90 УСД. Исклучиво сме горди што имаме одличен македонски производ достапен на глобалниот пазар и што имаме можност нашето искуство да го промовираме во светот. ” – изјавија Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ.
Книгата „Awakening Consciousness“ е издадена од издавачката куќа Паблишер и за прв пат беше промовирана на 71 Саем на книгата во Франкфурт, кој се одржа минатата година од 16 до 20 октомври. Книгата која претставува комплетен водич за лична и колективна преобрза побуди голем интерес пред македонската јавност. Будење на свеста е вистинска авантура испреплетена со универзални знаења кои ќе ви овозможат да се спознаете себеси вистински, да се разбудите и свесно да креирате. Секој збор, секоја мисла во оваа книга е како нуркање во најдлабоките, најмагичните и најисцелувачките ритуали на постоењето. Македонската верзија на книгата неодамна го доби своето 3 издание.
#будењенасвеста #awakeningconsciousness #читајдома #седидома