Бакнежот на мајката како лек за болката

baknez.jpg

Секако дека бакнежот нема да ја избрише гребнатинката од детските раце или колена, но сепак малку ја ублажува болката и го смирува плачењето на малите деца.

Научниците еве како го објаснуваат овој феномен:

– Болката патува до мозокот, а кога информациите стигнуваат таму, се чувствува физичка и емоционална болка. Бакнежот од друга страна го одвлекува вниманието така што прави уште една стимулација, па до мозокот стигнуваат неколку информации, со кој се ублажува непријатното чувство поради болката, објаснува неурологот Карен Дејвис.

– Покрај тоа што бакнежот на овој начин го „збунува“ мозокот помалку да чувствува болка, кога мајката го бакнува детето „за да помине“, детето се чувствува заштитено и сигурно, па и на психлошки начин се олеснува болката кај детето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail