Бактериите од кашлицата и кивањето остануваат во воздухот до 45 минути

bakterii.jpg

Science Alert пишува дека научниците развиле нова техника за проучување на начинот на кој бактериите кои ги искашлуваме се шират и задржуваат во околината, а резултатите нема да не направат среќни.

Еден тим од научници од Квинсленд Универзитетот за технологија, дојде до сознание дека подвидот на бактеријата pseudomonas aeruginosa, која се поврзува со болнички инфекции (пневмонија и сепса) и која ја издвоиле од искашланите капки по кивање или кашлање, останува способна за полуживот главно 10 минути, но може да се задржи во околината дури и до 45 минути.

“Нашата студија покажа дека патогените бактерии патуваат до четири метри и можат да преживеат до 45 минути по искашлување во воздухот”, вели Лидиа Моравска. ко-автор на студијата.

Иако овој вид на бактерии се добро проучувани сеуште не може да се разбере во целост на кој начин кивањето и кашлањето можат да шират инфекција. Новата техника која ја развиле научниците, им овозможува да истражуваат како аеросолите од кашлицата се шират и колку долго можат да преживеат.

Кога капките се исфрлаат во воздухот брзо се сушат, ладат и стануваат доволно лесни за да останат во воздухот. Делимично се разградуваат во контакт со кислородот од воздухот, а на поголемите капки им треба подолго време да испарат. Поголемиот дел од капките се разградуваат па бактеријата во нивната внатрешност не може да преживее. Научниците потврдиле дека поголемиот дел од бактериите во внатрешноста на сувите капки умираат или се разградуваат за 10 секунди, но мал дел од нив живее подолго.

Ова покажува дека бактеријата е отпорна на брзо биолошко распаѓање и останува жива на собна температура доволно долго за да создаде ризик од инфекција по пат на дишење, особено кај лица кои веќе имаат респираторни проблеми. Научниците не се сигурни зошто ова се случува, а претпоставуваат дека е поврзано со тоа каде бактериите настанале во респираторниот тракт, па капките носат различен број на бактерии.

Поголемите честички носат бактерии на кои им треба повече време да испарат, поотпорни се на распаѓање и можат подолго време да ја зачуваат способноста за живот. Ова е секако значајно сознание за подобра контрола на болничките инфекции.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail