Балкан енерџи груп има потреба од средно и високообразовани кадри

beeg.jpg

БЕГ (Балкан енерџи груп) најави дека почнува со реализација на проектот за креирање база на податоци за евиденција на расположливите стручни кадри од домашниот пазар на труд од разчични профили кои ќе бидат евидентирани и селектирани, а ќе бидат земени предвид во идните процеси за вработување во компаниите – членки на групацијата.

Креирањето на база на податоци е дел од процесот на преструктуриање и развој на БЕГ, како што нагласуваат, чија клучна цел е натамошна модернизација и воведување нови модерни технологија во целокупниот систем за централно греење. За успешно спроведување на овоj процес неопходни ќе бидат свежи стручни кадри од различни области кои дополнително ќе придонесат и за воведување на нови модерни услуги за потрошувачите.

Базата на нови потенцијални вработени во БЕГ е отворена за сите заинтересирани лица од различни профили кои се подготвени да работат по највисоки професионални стандарди.

„Групацијата особено ги охрабрува да аплицираат лицата со специфична стручна подготовка од профилите кои се дефицитарни на пазарот на трудот, како што се: машинобравари, бравари-заварувачи и шамотери за одржување на опрема и инсталации на термоенергетските постројки во топлани, како и ракувачи со ваквите постројки за кои се бара соодветното образование, стручна подготовка и сертификати за положени стручни испити од соодветната област. Се бараат и машино-монтери кои би биле дел од екипите за одржување на диструбутивната топлинска мрежа и толинските станици, монтери на уреди за греење кои имаат сертификат – уверение за заварување, како и апликанти за работни позиции каде предност при ангажирањето би имале стручни кадри со високо образование и знаење од областа на компјутрерската технолигија, како што на пример е позицијата – диспечер за мониторинг и управување на дистрибутивниот топлински систем. Досегашното работно искуство на апликантите не е пресуден фактор во оваа фаза од процесот, но секако ќе биде соодвтено вреднувано во останатите фази, особено доколку се овори процес на вработување на некоја отворена позиција во компаниите во рамки на групацијата“, се наведува во соопштението.

Заинтересираните треба да ги достават своите апликации преку контакт електронските адреси кои се наоѓаат на web страниците на компаниите во рамки на групацијата.

„Сите пристигнати апликации ќе бидат разгледани и евидентирани во новата база на потенцијални вработени, со подеднаква шанса кандидатите да бидат повикани на разговор за учество во процесот на вработување, согласно потребите за одредени отворени работни позиции во периодот што следи“, велат од компанијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail