Батериите на иднината ќе се темелат на вода

voda-1.jpg

За жал, требаше да експлодираат десeтици телефони за да сфатиме дека живееме во свет на многу опасни литиум-јонски батерии какви што се користат во најголем број на денешните телефони. Иако постојат многу проекти кои се надеваат дека ќе го решат овој проблем, ниту еден не е блиску до тоа да стане реалност, а причина за тоа се многу скапите и долготрајни научни истражувања.

Научниците од Харвард направија прототип на батерија која не е токсична, а покрај тоа е и подолготрајна од кои било литиум-јонски решенија. Т.н. „проточни батерии” се темелат на органски молекули во неутрално pH водено решение, а се очекува да траат повеќе од десет години, што е огромен напредок во однос на сегашната технологија на батериите.

Ова сепак не е прв таков дизајн на батерија, но може да поправи многу проблеми кои се појавија во минатото. Како резултат на истражувањата, батериите сега се некорозивни и поефтини за производство, што ги прави идеален кандидат за индустриска употреба.

Иако овој прототип во поголема мера има за цел решение на проблемот кај литиум-јонските батерии, прашање е што точно не чека во блиска иднина, но сметајќи дека денешните уреди бараат поголема сила и многу повеќе работни часови, крајно време е развојот на тој план да стане побрз и поефикасен.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail