Бебето што тежеше само 400 грама се избори за живот

Beba-.jpg

Бебето што се роди со тежина од само 400 грама и должина од 21 сантиметар се избори за живот. Мануши, по шест месеци поминати во детската болница во Индија, е пуштена дома кога лекарите утврдиле дека структурата на нејзиниот мозок е нормална и дека очите ѝ се развиваат како што треба.

Девојчето од Индија е најмалото новороденче во Азија и едно од најмалите бебиња во светот. Родено е на 15 јуни минатата година со царски рез кога на нејзината мајка во 28. недела од бременоста нагло ѝ се покачил притисокот.

Бебето било родено со недоволно развиени бели дробови и не можело веднаш самостојно да дише. Неговата кожа била претенка, органите неразвиени, а минијатурните стапала му биле помали од прстот на татко му. Шансите да преживее биле минимални, но Мануши набргу почнала да напредува.

„Таа е навистина чудо. Се бореше иако немаше никакви шанси за да успее“, вели мајка ѝ Сита. Според светските медиуми, во Индија и јужна Азија претходно не е забележано бебе да преживее во вакви околности.

Најмалото бебе во светот што преживеа е Емилија Грабарчиќ, родена 2015 година во Германија, која кога се родила, тежела само 229 грама.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top