picture1747.png

Во среда (7.11.2018 година) на Универзитетот на Југоисточна Европа остварија средба академијата, бизнис-секторот и владините претставници за да дискутираат за планот за економски развој.

На иницијатива на Министерството за инвестиции, Фондот за иновации и технолошки развој, Стопанската комора на Северозападна Македонија и во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа, се одржа работна средба за презентирање на владиниот „План за економски раст“ . На оваа средба присуствуваше ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, министерката задолжена за странски инвестиции , Зорица Апостолска, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети изрази задоволство што нашиов Универзитет е поврзувачки мост во триаголникот – академијата, бизнисот и владата.

„Преку овој состанок е можно да се промовираат не само политиките за економски развој, туку и алатките кои ги спроведуваат овие политики“, рече меѓу другото ректорот Беџети.

Министерката за странски инвестиции во Владата на Република Македонија – г-ѓа Зорица Апостолска, рече дека целта на овој вид на состаноци е да се претстават владините политики, за да се поддржат бизнисите и похрабро да се инвестира.

Развојните политики овозможуваат создавање нови работни места, а денешниот состанок претставува силна врска меѓу владата, академијата и бизнисот“, рече министерот Апостолска.

Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа, рече дека овој панел ќе ни послужи да дознаеме повеќе за помошта од Владата на Македонија во овој поглед, особено во врска со промоцијата на Фондот за иновации и развој. Тој рече дека улогата на СКСЗМ е надгледувачка.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Бисера Јордановска, ги презентираше можностите на овој фонд за поддршка на бизнисите, особено на start-up компаниите. Таа зборуваше за тоа како да ги искористи овие средства во функција на иновативни идеи и создавање работни места.

На средбата беа разменети идеи и можности за конкретна соработка меѓу трите клучни фактори во економскиот развој, како што се: владата, бизнис- заедницата и академијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail