Бесплатен месец за студенти на coworking во ЦЕЕД Хаб Скопје

ceed-skopje.jpg

ЦЕЕД Хаб Скопје, кој работи како акцелератор и нуди coworking (коворкинг) простор, овој месец им дава можност на сите студенти, микро и мали претпријатија, невладини организации, странци, стартапи, креативци, оние кои работат дома да дојдат и бесплатно да ги користат нивните простории и услуги. ЦЕЕД Хаб Скопје е поддржан од Проектот за УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од ЦЕЕД Македонија.

Посетителите ќе можат да користат биро, интернет, сала за состаноци, пристап до информации, знаење, пристап до потенцијални партнери, клиенти и пазари, пристап до финансии – презентација пред Клубот на бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија и поддршка од професионалци за иновации и креативно размислување – совети од консултанти за иновации и бизнис менаџмент. Во рамки на бесплатниот месец се организирани различни настани, како бесплатен час со сметководител, правник, маркетер, панел дискусии, работа со бизнис ангели, раскажување успешни приказни.

Регионалниот директор на Центарот за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД Македонија Јован Маџовски информира дека овој месец го промовираат концептот на заедничко работење и споделување заеднички простор каде луѓето работат, а фокусот е на помалите компании.

– Отворени сме за сите, без оглед на возраста. Идејата е луѓето да го почувствуваат концептот на заедничко работење и низ тоа искуство понатаму да одлучат дали е тоа нешто што го сакаат, рече Маџовски. Додаде дека работењето е во прв, а дружењето во втор план.

Коворкинг е работење во заедничка работна средина. Просторијата за заедничко работење најчесто е голема канцеларија во која работат луѓе од различни индустрии и различни профили, динамично место што ги содржи сите ресурси потребни за водење бизнис.

Сите заинтересирани повеќе информации може да дибијат на https://www.facebook.com/ceedhubskopje

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail