Бесплатен одмор на јадранот за 100 семејства-пријавете се !

jadran.jpg

Само две недели од основањето на фејсбук групата “Изнајмувачи со срце“, во неа се приклучија повеќе од 5.000 членови и сопственици на апартмани долж Јадранскиот брег.

Целта на оваа иницијатива е да се овозможи бесплатен престој на семејстава кои имаат деца со пречки во развојот, а сакаат да работат и живеат на море. Во оваа иницијатива учествуваат голем број на хумани угостители и обични граѓани кои нудат бесплатен престој за работници од горенаведените семејства.
Сите семејства коишто доаѓаат од колината на Београд, на море имаат обезбеден ручек или вечера кај нас во гостилницата Аквариум, само јавете ни се! – вели еден угостител за српски Телеграф.
Врата за престој на овие семејства им отвора и локалното население. Од ден на ден се зголемува бројот на овие семејства кои заедно се сплотени во духот на хуманоста. Во нивните домови може да се најдат десетици семејства кои доаѓаат од БиХ, Мостар, Сараево, Бања Лука и останатите места од регионот.
ВОЗАЧИ СО СРЦЕ
Постои уште една фејсбук група “Возачи со срце“ која што организира бесплатен превоз на море на тие што не можат да си го дозволат патувањето.
Изнајмувачот има право да ве прифати или одбие, а семејството треба да докаже постоење на проблем со кое детето е соочено, за да не дојде до измама и злоупотреба.
Извор: Vrabotuvanje.com
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail