Бесплатна обука за програмери на мобилни апликации во TabTale

TT_logo-1.jpg

TabTale Македонија, еден од водечките издавачи на мобилни игри со над 1,2 милијарди преземања на глобално ниво, ќе организира бесплатна обука за програмери на мобилни апликации.

Бараме кандидати кои имаат диплома по компјутерски науки или се при крај со нивните универзитетски студии. Ќе се смета за предност доколку кандидатот има докажано искуство во развој на софтвер, поточно, развој на софтвер од клиентската страна и UI/GUI. Секој кандидат мора да знае англиски јазик и најголема предност ќе се смета доколку кандидатот има креативна позадина (еден од следниве: графика, музика, литература, уметност).

Во текот на три-неделната обука, избраните кандидати ќе научат како да креираат апликации во XML. Покрај теоретскиот дел, тие ќе имаат можност да видат вистински примери на практично кодирање и на крајот ќе добијат задача да креираат игра каде што ќе покажат што научиле од обуката.

Пријавените кандидати ќе бидат тестирани (основно програмирање, англиски јазик, логика) и најуспешните кандидати ќе бидат избрани да учествуваат во обуката.

На крајот на програмата, учесниците ќе имаат шанса за вработување и понатамошно развивање на својата кариера како дел од TabTale Македонија.

Три-неделната обука ќе се одвива во канцелариите на TabTale Македонија, за времето ќе има дополнително известување. Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават на jobsmk@tabtale.com најдоцна до 20.03.2017.

Повеќе информации на dinaa@tabtale.com

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail