Бесплатни обуки за 220 лица !

smetkovoditel-22.jpg

Обука за помошник на сметководител, масажер, негувател на стари лица и шминкер, ова го нуди Агенцијата за вработување со грант од околу 200.000 евра, пари од Европската унија со кои ќе обучуваат 220 невработени од списокот на активни баратели на работа, не постари од 29 години.

Трошоците за месечниот надомест за учесниците во обуката во износ од 6.261,00денари, со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и персонален данок на доход за секој учесник, ќе бидат покриени од страна на Агенцијата за вработување.

По завршување на обуката, секој од учесниците кои го исполнуваат условот за минимум 70 % учество на предвидените часови обука и има добиено потврда за реализирана практична обука,  ќе може да полага испит за проверка и вреднување на стекнатите знаења и вештини пред Комисија.

Сите детали се наогаат ОВДЕ   а поединечно еве колкав е бројот на лица во секој сектор кој ќе се обучуваат!

Службеник во книговодство (за 100 кандидати);

  • Негувател/ка на стари и немоќни лица во домашни услови  (за 40 кандидати);
  • Масер (за 40 кандидати);
  • Шминкер (за 40 кандидати);

Обуките ќе се спроведуваат во период од  4 (четири) месеци. Обуките вклучуваат предавања,  часови за подготовка на испит и испит(и) за стекнување со сертификат.

Секое невработено лице избрано да учествува во обуките ќе потпише Договор за учество во обуката за која аплицирал/ла.

Заинтересираните невработени лица на возраст до 29 години, регистрирани како активни баратели на работа можат да поднесат Апликација за учество во Агенцијата за вработување и во некој од 30-те Центри  за вработување низ државата, изразувајќи го својот интерес за учество во обуките за вештини побарувани на пазарот на трудот, со наведување на типот на обуката, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот почнувајќи од 07.02.2017. Јавниот повик ќе биде отворен до исполнување на вкупно планираниот број на лица за обуки за оваа мерка.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail