Бесплатни обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица

1.png

Бесплатни обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица

Започна пријавувањето за бесплатни обуки наменети за сите невработени лица кои се
заинтересирани за стекнување напредни вештини од областа на информатиката. Проектот е
организиран како дел од активните мерки на Агенција за вработување на Р.Македонија во
соработка со Семос Едукација како спроведувач на обуките. Кандидатите може да аплицираат за
учество за еден од следните програмски пакети: ORACLE – официјална обука за Java SE8
Programmer или ISTQB – официјална обука за тестери за квалитет на софтвер.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Единствени критериуми кои треба да ги исполнат кандидатите е да имаат минимум завршено
средно образование и да бидат евидентирани како невработени лица без разлика на нивната
возраст. Заинтересираните ќе може да се пријавуваат во сите канцеларии во Агенција за
вработување на Р.Македонија, a огласот ќе биде отворен сè до целосно пополнување на
предвидениот број на кандидати.

Целта на овие обуки е да им се овозможи на невработените да се мотивираат, преквалификуваат
и активно да се вклучат во пазарот на трудот, а истовремено да совладаат ИТ вештини и знаења
кои би им биле од голема корист при барањето работа. Обуките ќе се спроведуваат во период од
3 до 6 месеци вклучувајќи настава со користење на официјална литература, подготовка на
кандидатите за сертификација и спроведување на испити за стекнување со меѓународно признаен
сертификат.

Стекни нови ИТ вештини

Стекни нови ИТ вештини

Минатогодишните обуки кои се одржаа во период од мај до ноември, беа успешно спроведени за
220 невработени лица во рамките на проектот за поддршка за вработување на млади лица до 29
години. Со овие обуки многумина успеаа да се преквалификуваат и да постигнат поголема
конкурентност на пазарот на трудот. Една од тие успешните приказни е на Бојан Петревски,
дипломиран стоматолог кој се стекна со квалификации од областа на програмирање:

“Како дипломиран стоматолог имав потешкотии да најдам работа со достоинствени услови
и плата. Од интензивната информативна кампања на АВРМ и Семос Едукација дознав за
бесплатната обука за Java Programming. Решив, додека барам работа како стоматолог, за
тоа време да научам нешто дополнително што е барано и вреднувано на пазарот на трудот.
Откако се пријавив, набрзо бев контактиран од Семос Едукација и започнав со обука. Иако се
сомневав дека ќе можам да ја завршам обуката бидејќи немав предзнаења од таа област,
обучувачот и целиот тим од СЕМОС како и од АВРМ беа голема поддршка и мотиватори за
успешно да ја завршам обуката. Добив неколку понуди за работа од ИТ компании и сега
работам како Java програмер.”– изјави Бојан Петревски.

За разлика од претходните обуки, оваа година не постојат старосни ограничувања, односно ќе
може да се пријавуваат сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите, без разлика на
нивната возраст.

Со овој проект Семос Едукација од 2010 година активно е вклучен како спроведувач на обуки за
ИТ вештини со сертифицирани предавачи за изведување на предвидените обуки. Повеќе
информации за јавниот повик, критериумите за избор, начинот на спроведување на обуките и
постапката за аплицирање прочитајте на официјалната веб-страница на АВРМ
http://www.avrm.gov.mk/oglasi-za- aktivni-merki.nspx.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top