Бесплатни студии во Словенија и бројни погодности за студентите

Доколку барате квалитетни, перспективни и бесплатни студии со меѓународно призната диплома, запишете се на студии во Словенија. Словенечките и странските студенти во Словенија исто така имаат бројни поволности, тука вклучувајќи ги субвенциите за храна и превоз, разни попусти за студенти и можност за работа за време на студирањето.

Бесплатни студии
Врз основа на билатералните договори студирањето во Република Словенија е бесплатно (нема школарина) за државјаните на Република Северна Македонија, Република Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и за сите граѓани на Европската унија. Тоа важи за додипломските и за магистерските студии, додека докторските студии се плаќаат. Бесплатно можете да студирате на редовните државни програми во државните образовни установи.

Без приемни испити
Предноста на словенечкиот образовен систем е во тоа што при запишувањето на образовната установа нема приемни испити. Единствени исклучоци се одредени студиски програми како на пример: музика, ликовна уметност, глума, дизајн, архитектура, спорт, забна протетика и така натаму.

Словенечките студенти се хранат поевтино
Исхраната на студентите е субвенционирана, а студентите овие субвенции ги користат во форма на бонови. Субвенцијата во овој момент изнесува 2,69 евра. Од студентот само се бара да ја плати разликата помеѓу полната цена на оброкот и вредноста на субвенцијата. На пример ако оброкот чини пет евра, студентот плаќа само 2,31 евра.

Тоа што е поевтино не значи дека мора да е полошо, бидејќи покрај брзата храна, студентите можат да бираат и здрави и квалитетни оброци во обични ресторани коишто се состојат од главно јадење, салата и десерт или супа.

Поефтин превоз до факултетот
Студентите во Словенија коишто живеат најмалку два километри оддалечени од својата образовна установа ги исполнуваат условите за субвенциониран превоз. На пример студентите во Љубљана плаќаат само 20 евра за месечна карта за јавен градски транспорт, наместо 41,60 евра. Така што картите за градски и приградски транспорт се поевтини, но и за воз и комбинираните карти. Во некои мали градови студентите дури имаат и бесплатен градски превоз. Најповолната опција во Љубљана без сомнение е изнајмувањето на велосипед BicikeLJ (достапен 24/7). За годишна претплата ќе треба да издвоите само 3 евра, а секој прв час возење е бесплатен.

Можност за заработување за време на студирањето
Школарина не треба да плаќате, но секое евро на студентите добро им доаѓа. Студентите можат да ја подобрат својата финансиска положба работејќи за време на студиите и да се стекнат со вредно работно искуство, коешто можат да го додадат во своето резиме и со самото тоа да ја подобрат својата конкурентност на пазарот на трудот.

Студентската работа може да се најде преку таканаречениот студентски сервис. Законскиот бруто минимум за студенти од 1 јануари 2020 година ќе изнесува 5,40 евра.

Користење на библиотека, поевтини влезници и месечни карти
Кога студентот ќе ја уплати уписнината за секоја година, исто така добива право на користење или позајмување на материјали од студентските библиотеки.

Покрај тоа студентите имаат бројни поволности при купување на влезници за кино (студентска претплата), музеи, галерии, разни настани, приредби, концерти и така натаму. Обично можат да купат и поевтини месечни карти (со студентски попуст) за разни спортски активности како што се пливање, фитнес, лични тренинзи, кошарка, фудбал, бадминтон и така натаму.

Дали би сакале да студирате во Словенија бесплатно? Сакате да дознаете повеќе за студиите, програмите за студирање на словенечките образовни установи и за животот во Словенија? Сите информации можете да ги најдете на следната веб страна: www.2tm.si, на електронската адреса: [email protected] или на Facebook.

Автор: Шпела Зупан Штампохар

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail