Besplatno-predavanje-A-Dive-Into-Android-Architecture-Components.jpg

Бесплатно предавање A Dive Into Android Architecture Components

Бидете присутни на петтиот од низата бесплатни часови кои Семос Едукација и BEST Скопје ги креираа за вас.

Предавач на настанот е Крсте Москов Full stack девелопер со главен фокус на развој на Андроид апликации за најразлични типови на уреди вклучувајќи ги и смарт телевизорите. Пoвеќе oд 4 гoдини прoфесиoналнo се занимава сo развoј на сoфтвер, автор е на повеќе Андроид апликации. Моментално сертифициран предавач во Семос едукација во областа на Андроид и Java официјалните обуки.

На овa предавање ќе ги покриеме проблемите со кои може да се соочите како развивач на Андроид апликации, и како со компонентите од Android Architecture можат да ви помогнат да ги решите истите.

Ова предавање ќе ви биде водич за почетници програмери кои ги започнуваат основите за креирање на една апликација, а сега сакаат да ги знаат најдобрите практики и препорачаната архитектура. Ке разгледаме колекција од библиотеки што ви помагаат да дизајнирате, тестирате и одржувате апликации.
Ќе разговаравме за новата Андроид Архитектура и зошто е развиена. Во суштина, новата архитектура се занимава со некои познати проблеми Android нудејќи пакет на компоненти наменети за системот. Ќе ги разгледаме новите компоненти и ќе се нурнеме подлабоко во нив.
Ќе научиме за:
– Lifecycles
– LiveData
– ViewModel
– Room
Ако сеуште не сте запознаени со ниту една од погоре наведените компоненти, ве молам, не плашете се, имплементацијата е многу лесна и уверен сум дека ќе можете да ја разберете, а со тоа ќе имате добар мотив да почнете учите да развивате Андроид апликаци

Сите присутни ќе добијат ваучер од 20% попуст за следење на пакет Aндроид курсеви во Семос Едукација.

Датум: 13 декември (среда)
Почеток: 17:30 – 19:00
Локација: ФИНКИ (Точната локација ќе биде дополнително објавена)
Пријава: https://goo.gl/forms/m8zEUGn57Z7R47Ub2

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail