БЕСТ Скопје организира уште еден инженерски натпревар – EBEC

best-skopje.jpg

Бордот на Европски Студенти по Технологија – БЕСТ Скопје, од 15 до 18 февруари оваа година по осми пат организира инженерски натпревар – EBEC со кој им нуди шанса на македонските студенти да ги истакнат своите способности за креативно решавање на инженерски проблеми, а на компаниите соработнички им овозможува директен контакт со најдобрите студенти и одлична шанса за нивна регрутација.

Натпреварот ќе се одржи во просториите на компаниите IT Labs, кои се наши годишни партнери, како и Dox Team, кои се овогодишни соработници за EBEC.

Во склоп на натпреварот ќе се одржи и Локален настан за образование (Local Event on Education) на тема „Традиционални наспроти современи методи на предавање – Патот до успешна работна кариера?“.

Во следните два дена учесниците ќе се натпреваруваат во две категории: Case Study & Team Design во просториите на IT Labs и Dox Team, а на 18 fevruari ќе се одржи официјалното затворање на настанот.

Работата на учесниците ќе биде следена и оценувана од страна на стручно жири составено од претставници од компаниите, како и професори од техничките факултети при УКИМ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail