43680030_294723971255138_7386051410640502784_n.jpg

Зарем не би било убаво академската година да ја започнеш  МОТИВИРАН, ИСПОЛНЕТи ПОДГОТВЕН за секој нареден прдизвик?

Студенските денови се дел од животот кога донесуваме клучни одлуки поврзани со нашата понатамошна ориентација и кариера, па зошто максимално да не ја искористиме секоја шанса со цел да стигнеме не само до правилните, туку до вистинските одлуки?

Членувањето во БЕСТ нека биде твојот прв чекор до твоите вистински одлуки!

А што претставува БЕСТ?

БЕСТ е студентска, непрофитна и неполитичка организација која на студентите им овозможува да го надоградат своето знаење и образование преку организирање на курсеви,инженерски натпревари, едукативни симпозиуми, тренинзи и размени на студенти.

Меѓутоа, по првите твои чекори ќе сфатиш дека оваа организација е многу повеќе од сето она што е веќе наведено. БЕСТ е култура, начин на живот, платформа која поврзува илјадници студенти низ Европа кои делат исти интереси и вредности на патот кон успехот.

Со активности кои траат во текот на целата година, не постои момент кога не се чуствува БЕСТОВСКАТА енергија и палетата на можности да се откриеш себеси и твоите способности. Не трагај по твојата мотивација, туку создади ја, креирај ја помеѓу  вистинските луѓе, оние со кои ќе ги споделуваш своите проблеми,идеи и соништа знаејќи дека тие ќе бидат твоја поддршка во најисцрпливите моменти. Патувај, откривај, организирај – едноставно максимално уживај во твојот студентски живот, започнувајќи ја ТВОЈАТА БЕСТОВСКА кариера сега – на состанокот за нови членови кој ќе се одржи на 18.10.2018 во просториите на ФЕИТ/МФС, а за подетални информации следи ја нашата страница: facebook.com/bestskopje

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail