Без строги правила и без гладување: Оваа диета е полн погодок

Bez-strogi-pravila-i-bez-gladuvanje-Ovaa-dieta-e-poln-pogodok.jpg

Без строги правила и без гладување: Оваа диета е полн погодок

За успешно намалување на килограмите не секогаш е најважно намалувањето на внесот на калориите, туку значајна улога игра и изборот на храна која лесно се вари.

Посебно внимание треба да се посвети на одбирањето на намирници и начинот на нивно приготвување.

Антицелулитната диета има за цел да му помогне на телото да се ослободи од отровните материи. Оваа диета не се заснова на намалување на калориите, туку на храна која лесно се вари во желудникот. Со тоа не само што ќе ги намалите килограмите, туку и ќе се ослободите од целулитот.

Според оваа диета, треба да појадувате, ручате и вечерате, а дозволени се две ужини дневно. Вечерата треба да биде помала од ручекот, а исто така треба да внесувате многу вода и чаеви.

Не треба да јадете брзо и кога јадете концентрирајте се на храната.

Дозволена храна:

Секаков вид на овошје и зеленчук

Салати зачинети со природни масла за јадење и лимонов сок

Сокови од овошје и зеленчук

Немасни млечни производи – најдобро е конзумирање на урда и козјо сирење

Риба

Печено или варено месо (се препорачува пилешко или телешко)

Јајца (варени)

За време на диетата забрането е конзумирање на колбаси, сланина, салама, грицки, пржена храна, млечни производи со маснотии, конзервирани супи, зачинето јадење и голема количина на кафе.

Покрај диетата, за подобри и подолготрајни резултати се препорачува масажи со антицелулитни гелови, како и вежбање, пешачење и јога.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail