Би го купиле ли ова? Куќиште за вашиот телефон кое што се претвора во дрон!

dron.png

Компанијата AEE Aviation Technology произведе куќиште за паметен телефон кое што од останатите се разликува по тоа што – се претвора во дрон.

Куќиштето наречено “Selfly” ја има „обичната“ функција за заштита на вашиот телефон од оштетувања, но за разлика од останатите куќишта достапни на пазарот, куќиштето на AEE Aviation Technology се претвора во дрон.

Овој дрон-куќиште доаѓа со две батерии, а едно полнење трае околу четири минути.

Покрај тоа “Selfly” поседува и камера од 13 мегапиксели и може да снима видео записи со резолуција од 1920х1080 пиксели при 60 fps. Куќиштето е компатибилно со секој паметен телефон кој има дијагонала на екран од 4 до 6 инчи. Кога ќе се расклопи, куќиштето се претвора во дрон кој што се управува преку Wi-Fi.

“Selfly” е компатибилен со сите паметни телефони кои што работат на оперативните системи Android и iOS. Цената на ова „револуционерно куќиште“ кое што може да лета чини 130 долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top