Биг Бен нема да работи во наредните четири години

bigben.jpg

Еден од најпознатите симболи на Лондон, Биг Бен, ќе престане да работи во следните четири години додека ќе трае процесот на реновирање на славната саат-кула од 19. век поставена во близина на зградата на британскиот Парламент.

„Во ово клучен проект за реставрација и конзервација, од огромно значење е Биг Бен да престане со работа“, рече Стив Џегс, чија официјална тутула е „чувар на големиот саат“, пред Парламентот.

Ова ќе биде најдолг временски период во кој Биг Бен ќе престане да работи во своето 157-годишно постоење.

Големото ѕвоно познато како Биг Бен е тешко 13,7 тони и го одбележува секој час, а другите четири помали ѕвона се огласуваат на секои 15 минути.

Последното огласување на ѕвоното ќе се случи во 12 часот на 21 авгут, стои во соопштението.

Часовникот тивко ќе покажува точно време до 2021 година, а ѕвоното ќе ѕвони само во посебни прилики, како Нова година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail