Бил Гејтс открива: Ако сакате добра работа, мора да ги поседувате овие 3 вештини

bil-gejts.jpg

Бил Гејтс откри кои три вештини би требала да ги поседува секоја личност која сака да биде успешна на професионално поле. Но, доколку науката и броевите не ви се јака страна, вие ги немате тие три особини.

Според податоците кои ги собирал со години, легендарниот технолошки претприемач и основач на Microsoft, вели дека најуспешни ќе бидат луѓето кои потекнуваат од сферата на науката, инженерството и економијата. Во разговор со еден од шефовите на LinkedIn, Даниел Ротом, тој ќе каже: Мислам дека знаења од областа на науката и економијата, но и математички вештини ќе бидат барани од страна на кандидатите во иднина.

-Не е неопходно самите да знаете да ги пишувате кодовите, но е многу важно да знаете што инженерите можат а што не, вели Гејтс. Тој истакнува дека таквите работници ќе бидат „агнетите на промената во сите институции“.

Бил Гејтс, исто така неодамна објави дека ќе вложи милијарда долари во борбата против климатските промени, така што ќе инвестира во нови начини на производство на „чиста енергија“. Други богаташи како Ричард Бренсон и Џеф Безос, како и основачот на Алибаба Џек Ма, вложија 170 милијарди долари во слични потфати.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail