Билборд кој кашла ако пушите во негова близина

Кога луѓе што пушат ќе поминат покрај еден билборд во Стокхолм се случува нешто чудно: билбордот кашла. Оваа иновативна реклама е направена од страна на еден синџир на шведски аптеки кој сака да ги поттикне пушачите да се откажат од таа нивна штетна навика.

На прв поглед дигиталниот екран поставен на излезот од метро станица изгледа како обична фотографија на модел. Но, кога покрај неа ќе помине некој со запалена цигара, човекот на фотографијата почнува да кашла затоа што му пречи чадот. Потоа екранот се менува и се нудат различни производи од синџирот аптеки Apotek Hjartat кои имаат за цел да им помогнат на пушачите да престанат да пушат.

Akestam Holst е агенцијата која стои зад кампањата и го овозможила овој иновативен билборд со вградување детектори на чад во екранот. Тие избрале локација каде што луѓето често пушат – плоштадот Оденплам во Стокхолм. Агенцијата има снимено реакции на пушачи кои поминале покрај билбордот. Некои се изненадени, некои почнуваат да се смеат. Видеото од тие реакции го објавија онлајн и можете да го погледнете подолу.

„Целта на кампањата беше да се поттикне дискусија за темата, да се документираат рекации, да се поттикнат луѓето да водат поздрав живот” вели Фредрик Кулберг, маркетинг директор во Apotek Hjartat.

Тајминогт на кампањата беше темпиран за да им се помогне на луѓето во периодот околу Нова година да донесат одлука да си го сменат животот на подобро во новата година.

Според Светската здравствена организација, повеќе од 20% од Швеѓаните на возраст над 15 години пушат, а џвакањето тутун исто така е многу популарна штетна навика во Шведска.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail