Бинтерн нова платфрома за пракса и работа

img_3.jpg

Бинтерн е платформа која ги поврзува студентите и работобарателите со компаниите за пракса и вработување.

Целта на Бинтерн е да им овозможи на студентите и работобарателите побрз и поедноставен начин на започнување на својата кариера преку поврзување со компании за пракса и работа. Исто така Бинтерн им помага на компаниите да си изградат вработени од млади и амбициозни луѓе.

Платформата Бинтерн до сега има преку 20 успешни приказни (луѓе кои започнаа кариера во компании), преку 60 регистрирани компании на платформата, и повеќе од 20 огласи секој месец.
Исто така на платформата до сега се имаат регистрирано околу 900 студенти и работобаратели од различни струки кои се спремни да ја започнат нивната кариера преку оваа платформа.

Во моментот Бинтерн има склучено соработки со повеќе студентски организации, универзитети и едукативни центри. Некои од склучените соработки се со: Универзитетското Студентско Собрание на Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, Унвиерзитет “Св. Климент Охридски” – Битола, Универзитет “Апостол Павле” – Охрид, Универзитет “Американ Колеџ” – Скопје и многу други соработки.

Целта на овие соработки е доближување на платформата Бинтерн до студентите и зголемување на нивните кариерни можности за пракса и работа во некоја компанија.

Кога сме кај настаните кои ги има организирано Бинтерн, вреди да се спомене и организирањето на многу вебинари и два физички настани до сега и тоа едниот е Jobathon односно Hackathon за вработување на кој учесниците имаа задача да програмират решение за потоа компаниите да си изберат дел од најдобрите програмери и да им понудат работа кај нив. 

Вториот настан организиран од страна на Бинтерн беше настанот Emerging Technologies, организиран во Битола со цел да сe соеднини ИТ заедницата и да се разменат искуства и знаења.

Доколку размислувате од каде да започнете со вашата кариера Бинтерн е местото кое ги поврзува дипломците и студентите со компаниите за пракса и работа. 

Регистрирајте се на bintern.com и започнете ја вашата кариера уште веднаш!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail