Био Инженеринг, компанијата која ја донесе персонализираната медицина во Македонија

Ivan-e1486202654218.jpg

Иновативната компанија Био Инженеринг, со поддршка на Фондот за иновации, неодамна отвори Истражувачки центар за микробиологија и биотехнологија и лабораторија за генетика и персонализирана медицина во „Филип Втори“ каде за првпат во Македонија се прават одредени генетски испитувања. Деталите за иновативните проекти на оваа семејна компанија ни ги раскажува управителот Иван Кунгуловски

Дизајнирањето на прочистителни станици во Македонија во иднина ќе биде целосно прилагодено кон потребите на секој клиент одделно. Тоа ќе ја зголеми ефикасноста на прочистителните станици и ќе ја намали цената на чинење. Ова го тврди Иван Кунгуловски, основач и управител на Био Инженеринг, компанија која деновиве го заврши процесот на технолошко опремување на истражувачкиот центар за микробиологија и биотехнологија и веќе ги започнува првите активности за дизајнирање на прочистителни станици во Македонија со новата технологија.

„Ова е еден од нашите најзначајни проекти. Направен во партнерство со Фондот за иновации, неговата цел е да се фокусира на креирање економски исплатлива технологија за третман на комунални и индустриски отпадни води со примена на гранулирани, аеробни микроорганизми“, вели Кунгуловски и дообјаснува:

Kungul
Иван и Горан Кунгуловски

Станува збор за технологии кои и претходно сме се обиделе да ги имплементираме во различни прочистителни станици, но наидовме на потреба од custom made решенија. Секоја индустрија е различна, така и секоја отпадна вода е различна. За да се најде решение за прочистување на таа вода потребна е технологија која ќе биде специфично прилагодена токму за тие отпадни води. Првиот дел од проектот е формирање на истражувачки центар за микробиологија и биотехнологија, кој го комплетиравме деновиве, каде што ќе се истражуваат технологии и решенија за третман на отпадни води од најразлични индустрии“.

Labor4

Центарот, лоциран во населба Аеродром во Скопје, веќе е во функција. Деновове почна да се работи проект за една компанија во Македонија и изградбата на прочистителната станица со новата технологија би требало да заврши до крајот на 2017 година, евентуално почетокот на 2018 година.

„Наскоро ги очекуваме странските екперти кои ги ангажиравме за да ги пренесат знаењата за процесот „од лабораторија до финален производ“, вели Горан.
Во Центарот се работи на изолирање на чисти култури на микроорганизми со кои се формираат симбиотски гранули односно грануларни форми на микроорганизми кои понатаму се внесуваат во биобазените во прочистителните станици за третман на отпадните води.

  • – Каков пазар таргетирате и дали веќе има интерес за решението кое ќе произлезе од Центарот?

Со оглед на фактот дека постоиме долги години, нашите клиенти не препознаваат по она што го работиме. Откако најавивме дека ќе го отвораме истражувачкиот центар, веднаш се јавија доста компании, со некои сме во преговори а со некои веќе потпишавме договори за работа.

Сметаме дека ќе понудиме технолошки решенија за овој проблем кои за првпат во Македонија ќе бидат поткрепени со научни и искуствени сознанија. Технологиите кои ги користиме се специфични за секоја индустрија, за секој посебен клиент, а со нив се придонесува кон намалување на трошоците за изградба на прочистителни станици. Со тоа што технологијата е custom made, таа истовреме е најоптималната опција за третирање на отпадната вода, ги намалува потребите на големината на машините и опремата кои се вградуваат, ја намалува потрошувачката на електрична енергија. Со тоа се намалува иницијална инвестиција за изградба на прочистителната станица на индустрискиот објект.

Дополнително, компаниите можат да побараат кофинансирање од 50% до 90% од различни фондови за покривање на тие трошоци, за кои кофинансирачки грантови нашата компанија успешно помага во припремањето на идејното решение. Сметаме дека со ова многу ќе се помогне при решавањето на овој постоечки и значаен еколошки проблем.

Kungul2


Био Инженеринг е компанија основана во 1998 година, која започнува со работа во областа на третманот на отпадните води. Уште од самите почетоци компанијата работи иновативно  и ги патентира своите технологии. Во 2005 година доби златен медал на Саемот за патенти и иновации во Нирнберг и признание патент на годината за технологија за третман на комунални отпадни води. Во 2009 година исто така доби признание патент на годината, и во Скопје и во Нирнберг, за технологија за третман на индустриски отпадни води.

Labor2Био Инженеринг ја воведе персонализираната медицина во Македонија

Вториот сегмент од проектот поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој е лабораторијата за генетика и персонализирана медицина.
„Во тој дел, веќе остваривме и партнерство со Специјалната болница „Филип Втори“ и со д–р Жан Митрев решивме да отвориме заедничка лабораторија во рамките на новата болница. Лабораторијата започна да работи од 1 септември 2016 година, и оттогаш наваму воспоставивме осум различни групи на нови молекуларни и генетски тестови. Се работи со полна пареа. Досега имаме околу илјада пациенти, што е одлична бројка и е повеќе од очекуваното.

Врв во понудата е целосното секвенционирање на геномот како најсеопфатен метод за анализирање на генетската конституција на човекот. Оваа анализа дава целосен преглед на тоа што “му е пишано“ на еден човек, што вклучува и склоност кон болести, реакции на лекови, предиспозиции кон ќелавост, дебелина, депресија, срцеви заболувања, невродегенеративни болести и многу други важни информации кои значително можат да го подобрат човековото здравје и животот воопшто.

Тимот кој стои зад овие иновативни проекти

Био Инженеринг е семејна компанија основана од д-р Иван и проф. Др. Џоко Кунгуловски, редовен професор при Природно Математичкиот Факултет. Неодамна на овој тим се вклучи и д-р Горан Кунгуловски доктор по генетика и молекуларна епигенетика. Братучедите Иван и Горан Кунгуловски се доктори на науки и вљубеници во науката особено биологијата. Иван е доктор по биолошки науки, кој дел од неговите истражувања ги обавува во Фридрих Шилер Универзитетот од Јена, Германија, и Институтот Кири од Париз, додека пак Горан ги завршува докторските студии во Универзитетот во Штутгард, Германија.

Надворешен експерт ни е мојот татко проф. д – р Џоко Кунгуловски, професор по микробиологија на ПМФ во Скопје. Мајка ми Љупка Кунгуловска е исто така професор по биологија во Средното Медицинско Училиште Д-р Панче Караѓозов. Сакам да кажам дека сите фамилијарно сме поврзани со биологијата и имаме посебна љубов кон науката“, вели Иван. Д-р Вице Шолјан од Хрватска е исто наш странски експерт кој ќе придонесе во процесот на пренос на знаење во лабораторијата каде се креираат гранулираните микроорганизми кои понатаму ќе се користат за натамошна имплементација во индустриите.

Преку соработката со Фондот тие го остварија сонот да отворат сопствен  приватен истражувачки центар и го преточат своето знаење во комерцијален производ.

Labor3Искуството со Фондот за иновации?

Ние имаме големо меѓународно искуство во пишување проекти и апликации. И покрај нашето големо искуство, увидовме дека апликацијата на Фондот е многу јасна и релативно едноставна за пополнување. Фондот за иновации и технолошки развој представува еден многу добро осмислен фонд, составен од високо квалификуван стручен тим на млади и амбициозни луѓе кои се експерти во своето поле. Инфо сесиите кои тие ги организираа беа доста концизни и јасни и успеаја да ни ги одговорат сите прашања. После една година искуство и соработка со нив, евидентно е колку нивниот тим е запознаен со проблематиките, флексибилни се и достапни 24/7. Нудат помош од почетокот при подготвувањето на самата апликација се до успешната имплементација на истата. Она што го стекнавме и научивме во рок од година дена успешна соработка со Фондот е непроценливо. Работата на овој проект вроди и со нови идеи за кои веќе аплициравме и за грант од Horizon 2020 програмата, и се надеваме дека проектот ќе биде одобрен, а потоа “the sky is the limit“.

Доколку сакате и Вашите визии и соништа да станат стварност, како во случајот со Био Инженеринг, сите детали за аплицирање на четвртиот отворен повик на Фондот за иновации и технолошки развој, може да дојдете на отворениот ден на Фондот во понеделник (6.02) во канцеларијата во центарот на Скопје (на Рекорд).

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail