Биометријата масивно ќе се воведува во компаниите до две години

biometrija.jpg

Во рок од две години речиси секоја компанија во Европа и САД ќе почне да користи биометрија како начин за идентификација, заедно со втор фактор, прогнозираат аналитичарите од ИТ мрежата Spiceworks.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Речиси 86% од западните компании се очекува да спроведат биометриска автентикација во 2020 година. Во моментов, технологијата ја користат 62% од компаниите и уште 24% планираат да ја имплементираат во наредните две години, според анализата.

Испитаниците ја идентификуваат биометриката како посигурна, од двојката „логин – пасворд“ или пин-кодови. Но, само 10% сметаат дека биометријата е доволна за безбедносни цели. Останатите 90% сметаат дека е потребен втор, дополнителен метод за автентикација.

Скенирањето со отпечатоци е најпопуларен метод за биометриска идентификација што моментално го користат 57% од компаниите. По него се редат препознавање на лице (14%), геометријата на раката (5%), скенирањето на ирисот на окото (3%), препознавање на глас (2%) и скенирањето на дланка (2%).

Најчесто, во 46% од компаниите, биометриката се користи со помош на паметен телефон. Секоја четврта компанија користи слична технологија на лаптопи, а 22% од компаниите користат таблети за оваа намена.

Но, без оглед каде се користи биометријата, неразумно е таа да биде единствениот фактор за автентикација, особено имајќи ги предвид слабостите и ризикот од истекување на информации, сметаат експертите.

Помалку од една четвртина (23%) од ИТ професионалци веруваат дека биометриската идентификација ќе ги замени традиционалните текстуални лозинки во наредните 2-3 години. Останатите го истакнуваат како недостаток присуството на пропусти во биометриските системи и нетранспарентноста на процесот на собирање и складирање на податоци од страна на давателите на услугата.

При користење на биометриски технологии остро стојат прашањата за доверливоста и етиката, бидејќи ниту еден корисник не може да биде целосно сигурен дека компаниите кои применуваат сличен метод за идентификација во своите уреди и програми, не собираат и обезбедуваат податоци на трети страни.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top