Бионичкиот лист на Харвард освен гориво сега прави и ѓубриво

231667432-bionic-leaf_6.jpg

Минатото лето научниците од Харвард објавија дека вештачкиот бионички лист на кој работеле со години е 10 пати поефикасен при претворањето на сончевата светлина во гориво од вистинските растенија. Веќе пишувавме за овој лист кој може да ги дели молекулите на водата на водород и кислород и со помош на бактерии да произведува течни горива.

Тогаш научниците најавија дека листот има потенцијал да прави и други продукти, а сега тој потенцијал и се реализираше.Лидерот на проектот, Дејвид Носера, и неговиот тим ја збогатија примената на листот. „Горивата беа само првиот чекор за да покажеме дека имаме платформа за хемиска синтеза. Сега покаќуваме дека со помош на други бактерии можеме од атмосферата да направиме ѓубриво“ велат научниците.

Новата бактериј, ксантобактер, го јаде водородот кој го произведува листот и кога ќе се изложи на СО2 од воздухот се формира биопластика. Таа биопластика се складира во бактериите како гориво, кое потоа се користи да се добие амонијак од азотот во воздухот.

bionic leaf fertilizerБактериите може да се стават во почвата каде што има посев и да функционираат како фабрика за ѓубриво.

При тестовите бактериите покажаа импресивни резултати. Научниците споредуваа продукти израснати во регуларни услови и продукти израснати со бактерии. Тие што растеле со бактерии се 1,5 пати поголеми од другите.

извор: inovativnist.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail