Битола била македонската Света Гора

bitola.jpg

Најголемиот собирач на македонски народни умотворби Марко Цепенков, своевремено кога претстојувал во Битола, рекол дека овој град е македнска Света Гора. Во своите научни истражувања, тоа го поттикнало професорот Александар Стерјовски, да создаде еден голем книжевен опус во кој значајно место имаат црквите и манастирите во Битола, како и историските контексти поврзани со името на градот, па и писанијата на Цепенков.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

– Во една прилика рекол дека Битола е Свет Гора Македонска, сакајќи да потенцира дека во Битола имало многу манастири и многу цркви. Дури се спомнува една бројка од 365 цркви и дека секоја црква била посветена на еден ден од годината. И името на Битола всушност се потпира на некој христијански храм, конкретно на манастир – вели професор д-р Александар Стерјовски.

Според историографската заоставштина, една од најстарите сочувани цркви е сегашниот соборен храм “Свети Великомаченик Димитриј“, а во неговиот комплекс, со проектот “Убикација на средновековна Битола“, беа пронајдени остатоци од уништениот средновековен град.

– Во еден турски документ што го најдов, се спомнува дека таа црква била од пред Османлиите да дојдат. Познато е дека по освојувањето на Битола од Османлиите, црквите во Битола или се преобразени во џамии или се уништени – рече Стерјовски.

Професорот Александар Стерјовски во својот своевиден калеидоскоп, за градот има посветена дваесет научни трудови, од кои, во неговиот истражувачки опус половината се посветени на хронолигизмот на Битола од најстари времиња до ослободувањето, собрани во “Битолското десеткнижие“.

Петар Стефановски за Телевизија Алфа

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top