Битолскиот универзитет ги објави конкурсите за втор и трет циклус студии

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола ги објави конкурсите за втор и трет циклус студии за наредната академска година. На високообразовните единици при битолскиот универзитет на втор циклус студии ќе може да се запишат 776 студенти, на специјалистичките стручни студии ќе може да се запишат 235 студенти, додека пак на трет циклус или докторски студии ќе може да се запишат 42 кандидати.

Од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола информираат дека освен на факултетите, магистерски и докторски студии ќе се организираат и во Научниот институт за тутун во Прилеп, кој како членка на УКЛО-Битола на втор циклус студии ќе може да запише 25 кандидати во пет различни студиски програми, додека пак на трет циклус студии може да се запишат 5 кандидати за насоката „Технологија на производство и обработка на тутун и производи од тутун“.

Првиот уписен рок ќе се врши на 10. септември, а вториот на 15. октомври.

Извор: Tера

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail