Бизнис- форум: Расте трендот на заминување на младите и квалификувани кадри од земјава

picture1615.png

Трендот на млади и квалификувани кадри кои заминуваат од државата е загрижувачки за опстанокот на компаниите, потенцираа експертите на денешниот бизнис-форум на тема „Предизвиците на менаџментот на човечките ресурси во компаниите во Македонија“, кој се одржа во вторник (19.12.2017 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа.

„За да се намали бројката на млади и квалификувани кадри кои ја напуштаат државата потребно е компаниите да ги стимулираат вработените со таканаречените надворешни но и внатрешни фактори“, истакна деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Изет Зеќири.

На форумот беше истакнато дека домашните компании воопшто не се конкурентни со фирмите од западноевропските земји. Академик Абдулменаф Беџети проблемот го гледа во менаџерите на компаниите, кои се клучни за развојот на компаниите во Македонија, и „затоа и вработените одлучуваат да заминат во странство и да напредуваат во поуспешни компании“.

На бизнис форумот дел од сопствениците на фирми, презентираа проекти кои во соработка со универзитетите но исо стопанските комори во земјава, имаат за цел да ги мотивираат вработените да останат и понатака да работат во нивните компании и да напредуваат во својата професија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail