Бизнисмен од Волстрит подари 75 милиони долари на катедрата по филозофија на универзитетот Џонс Хопкинс

bs-md-hopkins.jpg

Инвеститорот Бил Милер објави дека подарува 75 милиони долари на универзитетот Џонс Хопкинс, односно на катедрата по филозофија на која ѝ дава заслуга за своите инвеститорски вештини, пишува Bloomberg.
Катедрата планира да ја искористи донацијата за зголемување на кадарот од 13 на 22 редовни професори. Универзитетот исто така развива и програма за привлекување на повеќе студенти за катедрата по филозофија.

Милер, кој има 67 години, изјавил дека кога студирал на Џонс Хопкинс, три години посетувал и предавања по филозофија што било клучно за неговиот успех. „Филозофијата те учи како да анализираш што сметам дека нешто есенцијално во инвестирањето.“, рекол Милер.

Паричниот донација е дел од поголема кампања за прибирање средства која одделите за хуманистички и општествени науки на универзитетот ја спроведуваат. До сега се собрани вкупно 250 милиони долари. Експанзијата на катедрата по филозофија која ќе биде именувана по Милер, се очекува да се случи во следните пет до десет години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top