BlackBerry пријатно ги изненади аналитичарите

blackberry-logo-event-1.jpg

Канадскиот технолошки концерн BlackBerry Ltd објави во вторникот нето добивка која ги надмина очекувањата на аналитичарите, иако приходите продолжуваат да опаѓаат бидејќи растот на софтверскиот бизнис на кој се потпира не успева целосно да го компензира повлекувањето кај мобилните телефони и загубата на надоместоците за поддршка, пренесува Ројтерс.

Канадскиот пионер на пазарот на смартфони помина низ тешка транзиција, кој во последните години беше придружуван од огромни отпишувања и намалување на работните места, додека се обидува да изгради софтверски бизнис неврзан директно со истоимените смартфони кои ја загубија својата доминантна позиција на пазарот, отстапувајќи во ерата на iPhone и Android.

BlackBerry тврди дека околу 80 проценти од приходите од софтвер и услуги, со исклучок на оние од лиценцирање на патенти и професионални услуги, се повторуваат, што помогна да се постигне рекордна бруто маргина.

„Резултатите од софтверскиот бизнис на компанијата ги тераат инвеститорите да бидат оптимисти“, смета аналитичарот од IDC, Џон Џексон. Тој не е изненаден од силниот пад кај приходите од хардвер.

Пpиxoдитe нa ĸoмпaнијатa за третиот квартал на годината изнесуваат 289 милиони дoлapа. Приходите од софтвер и услуги изнесуваат 160 милиони за кварталот, што е раст на квартална и годишна основа, додека продажбата на бизнисот со хардвер паѓаат до 62 милиони долари од 220 милиони долари една година порано.

Бaзиpaнaтa во Baтepлo, Oнтapиo, ĸoмпaнијата cоопшти, дека нето зaгyбите изнесуваат 117 милиoнa дoлapи, или 22 цeнтa по акција. Година порано нето загубата беше 89 милиони долари, или 17 центи по акција, при приходи од 548 милиони долари.

Приспособениот профит сепак е во износ од 2 центи по акција, додека очекувањата на аналитичарите според Thomson Reuters I / B / E / S беа за загуба од 1 цент по акција.

BlackBerry исто така, рече дека очекува да постигне приспособен профит за оваа фискална година, во споредба со претходната перспектива за загуба од 5 центи по акција. Тргуваните на Nasdaq акции на компанијата забележаа раст од 3,1% до 7,95 долари за број во прелиминарната сесија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail