Blackberry се префрла од телефони на беспилотни автомобили

BlackBerry-BETA-AP.jpg

Blackberry Stock

Во понеделник Блекбери ќе отвори истражувачки центар за беспилотни возила сакајќи да стане неизоставен дел од автомобилската индустрија во трката со беспилотни возила

Пропаднатата компанија за телефони сега сака да си ја осигура иднината на пазарот за производство на софтвер за мобилни уреди. Попрецизно, оваа канадска компанија во понеделник ќе отвори истражувачки центар за беспилотни возила сакајќи да стане неизоставен дел од автомобилската индустрија во трката со беспилотни возила.

Канадскиот премиер Џастин Трудо ќе присуствува на лансирањето на центарот. Blackberry долго време беше позната по своите препознатливи телефони, а сега се префрла на попрофитабилен бизнис откако беше прегазена од гигантите од типот на Apple и Samsung. Откако софтверот на QNX беше користен за оперативниот систем на телефоните на BlackBerry, сега истиот ќе се фокусира на начинот на кој се случува интеракцијата со сензорите, камерите и другите компоненти потребни за еден автомобил да биде автономен.

Додека компаниите од Силиконската Долина наголемо се натпреваруваат со своите автомобили, BlackBerry таргетира посебна ниша од пазарот. Софтверот QNX ја обезбедува потребната инфраструктура за креирање алгоритми и за собирање податоци од сензорите. Тие сакаат да ја обезбедат софтверската основа за сложените платформи.

BlackBerry доби дозвола од Ford Motor да го тестираат софтверот во нивниот „линколн“ по патиштата на Онтарио. Компанијата склучи и договор за директна соработка со автомобилскиот гигант од Детроит на неговите роботизирани возила за споделен превоз, кои се очекуваат да се појават на пазарот до 2021 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail