Bluetooth звучник на LG лебди во воздух

lg-3.jpg

Звучници кои лебдат не се некоја новина и често не можат да се пофалат со особени квалитети, но LG очигледно смета дека има што да понуди во оваа категорија производ бидејќи компанијата планира да претстави таков модел во рамките на саемот за електроника CES.

Корејците веќе открија дел од карактеристиките на уредот со име LG PJ9, па веќе знаеме што ќе ни понудат. Направата користи Bluetooth конекција и благодарение на додадениот електромагнет може да лебди над посебна базна станица која извршува неколку функции. Основата служи за безжично полнење на батеријата во слушалката – кога енергијата во неа ќе се намали, уредот непречено се спушта, а целосна наполнетост стигнува за 10 часа автономна работа.

Уредот има IPX7 рејтинг за водоотпорност во период од 30 минути на длабочина до 1 метар, па освен дома може да се користи и во движење. Повеќе детали за LG PJ9 очекуваме следната недела.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top