309198-0.Basic-biblioteka.jpg

Стручната литература која ја поседува Јавната локална библиотека „Илинден“, се почесто се користи од студентите од Делчево.

Ирена Димитровска, студент по медицински науки од Делчево, како редовен член на библиотеката, ја користи секоја прилика да го побара насловот кој и е потребен во областа во која студира, но и други стручни наслови за лично надоградување. Таа апелира до сите студенти од поблиското опкружување, да не трошат време и пари, барајки ги потребните стручни наслови, туку тоа да го сторат во библиотеката во Делчево.

-Како студент, редовно ја користам стручната литература со која располага библиотеката во Делчево. Се работи за литература која често се користи од страна на светската јавност, а за мене како студент, оваа литература е од голема полза. Стручната литература е многу скапа, повеќето студенти не можат да си ја дозволат, а и не може да се најде низ библиотеките во Македонија. За библиотеката во Делчево, можам да кажам дека освен од областа на медицината, наоѓам и стручни изданија од областа на економијата, како и од другите природни науки. Им препорачувам на студентите да ја посетат библиотеката и да ги користат овие книги кои можат многу да им помогнат во текот на студирањето, истакна Димитровска.

Најголемиот дел од оваа литература, како што истакна директорката Билјана Петровска, библиотеката ги добива од Универзитетската библиотека во Скопје, додека дел од книгите се и донации од Владата на РСМ.

-Тоа се книги кои Владата на РСМ ги дава на општините, а тие ги подаруваат на институции, кои се под нивна надлежност. На тој начин минатата година, градоначалникот на општината, ни подари стручна литература од областа на економијата. Секако и библиотеката со свои парични средства набавува стручна литература, која како што знаеме е и прилично скапа. Од тие причини, апелирам до сите наши членови студенти и воопшто до сите наши членови, кои имаа потреба од стручна литература, слободно да ја побараат кај нас, вели Петровска.

Стручната литература како што додаваат од ЈЛБ „Илинден“, најчесто се користи од страна на студенти на медицинските науки, чии стручни наслови се и најзастапени во библиотеката во Делчево.

извор: Макпрес

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail