Бојан Чунде: “Со силна верба станав од инвалидската количка” (ВИДЕО)

bojan.png

Доказ дека чудата се случуваат во животот и дека силната верба и волја можат да ја променат состојбата во која би се нашле, е токму прилепчанецот Бојан Чунде.

Бојан е роден со “Хемофилија Б” – генетски наследна состојба. Животот му го задал првиот удар уште од раѓање, а вториот удар го добил кога имал 20 години и доживеал повреда, при што останал во инвалидска количка.

Никој од лекарите не му гарантирал дека одново ќе може да функционира како порано, но цврстата убеденост дека ќе успее му овозможила денес да живее нормален живот.

Бојан во Прилеп е препознатлив по својот одличен вкус за мода и секогаш ги следи најновите модни трендови.

Тој во емисијата “Урбан таг” на Телевизија “ТВ21” ја раскажува својата приказна и сите згоди и незгоди кои ги доживеал во животот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top