Бојан Секулоски како најдобар од Македонија ќе се натпреварува на светскиот Adobe CA шампионат во Флорида

2-1-1.jpg

За прв пат оваа година во Македонија се одржа Adobe Certified Associate (ACA) натпревар, на кој се натпреваруваа средношколци и студенти од град Скопје. Во денешното финале, како најдобар се покажа Бојан Секулоски од Скопје. Победникот ќе ја застапува нашата држава во Флорида, САД на светскиот Adobe Certified Associate шампионат и ќе се бори за титулата најдобар ACA во светот.

Светскиот ACA шампионат во организација на Certiport Inc, е глобално натпреварување кое ги тестира вештините за дизајнирање на учесниците преку Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign. Најдобрите натпреварувачи ќе ги претстават своите земји на светското првенство, каде што ќе создадат дизајниран проект за избраниот непрофитен клиент на Certiport.

„АСА натпреварот за прв пат годинава се оддржува во Македонија, засега само на територија на Град Скопје, но следната година планираме да се прошири и на републичко ниво. Како што е случај со Microsoft Office Specialist натпреварот кој се одржува кај нас веќе 3 години, очекуваме и Adobe Certified Associate натпреварот да прерасне во традиција. Преку АСА проектот, сите заинтересирани млади кои сакаат понатаму да ја развијат својата кариера во креативната индустрија, имаат одлична можност преку овој натпревар да се докажат и да го истакнат својот потенцијал, во рамки на државата и на глобално ниво, како и да се стекнат со меѓународно признат сертификат. Честитки до победникот, му посакуваме голем успех на светскиот шампионат и да се врати во Македонија со титула.“ – изјави Марко Серафимовски, директор на CertiAdria.

Од Макпетрол, како поддржувачи на натпреварот, велат дека како општествено одговорна компанија секогаш се поддржувачи на настани од ваков карактер:

„Макпетрол за победникот на АСА натпреварот обезбедува патување во Флорида, САД, каде ќе се одржува светскиот шампионат. Честитаме на сите учесници на денешното натпреварување, честитки до победникот и му посакуваме да освои прво место.“ – изјави Мишко Тасевски, менаџер на маркетинг секторот во Макпетрол.

Натпреварот се одржува за прв пат во Македонија, во организација на Certiadria, со поддршка од многу компании, државни институции и општини, меѓу кои: Макпетрол, Стопанска банка, Семос едукација, Град Скопје и Здружение на информатичари на Македонија.

Adobe натпреварот е наменет за млади лица на возраст од 13 до 22 години, односно за сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Учесниците на овој натпревар имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Adobe алатките: Photoshop, Illustrator и InDesign.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top