Босанец во инвалидска количка сам си направи спуштен тротоар за да ја премине улицата

Bosanec-trotoar-1.jpg

Еден човек во инвалидска количка беше снимен како со помош на чекан удира по тротоарот за да си направи спуштен тротоар за да може да ја премине улицата.

Тротоарот е направен така што улицата не може да се премине со инвалидска количка, а постариот човек реши да ја земе работата во свои раце и да го реши проблемот за во иднина да може без проблеми да ја минува улицата. Тешко дека некој може да му забележи на ваквиот потег, особено не градските власти, кои очигледно не си ја завршиле својата работа да им овозможат на инвалидизираните лица непречено да се движат низ градот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail