image-113266.png

Во древните времиња на христијанството божиќниот пост за едни траеше седум дена, а за другите малку подолго.

Но на соборот во 1166 година кој е одржан во времето на константинополскиот патријарх Лука и византискиот цар Мануил на сите христијани им е наредено да постат 40 дена во пресрет на големиот празник раѓањето на Христос.

Божиќниот пост е последниот повеќедневен пост во годината. Тој трае од 28 ноември до 7 јануари, а во црквата е познат како Голем или божиќен пост. Станува збор за зимски пост кој ни служи за осветување на последниот дел од годината со таинствено обновување на духовното соединување со Бога и подготовката за празнување на христовото раѓање.

Според зборовите на Лав Велики Божиќниот пост е жртва на Богот за собирање на плодовите. Како што нам господ ни ги подарил овоземските плодови, така и ние во време на постот треба да бидеме дарежливи кон сиромашните, запишал големиот светител. Симеон Солунски пак, запишал дека божиќниот пост го преставува и постот на Мојсеј кој постејќи четириесет дена и ноќи ги добил камените табли со Божјите заповеди.

А ние постејќи созерцуваме и го примаме живиот Збор на мајката Божја, но не нацртана на камен, туку преку Христовото раѓање присеќавајќи се на божјата милост.

Божиќниот пост е востановен за да се очистиме со покајание, молитва и пост пред раѓањето на Христос како со чисто срце, душа и тело би можеле со стравопочит да го дочекаме синот Божји што се јави на светот и за да, покрај обичните дарови и жртви, му ги принесеме и нашето срце и желбата да го следиме неговото учење.

извор: скопјеинфо

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail