Брајан Ектон основачот на Вотсап: Избришете го својот фејсбук-профил

vatsap.jpg

Коосновачот на Вотсап (WhatsApp) Брајан Ектон на Твитер објави едноставен статус:

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

„Време е. Избришете го Фејсбук“.

Фејсбук во февруари 2014 го купи Вотсап за 19 милијарди долари и со тоа го продолжи својот монопол на пазарот. Вотсап денес е најраширената светска мобилна апликација за размена на пораки, фотографии и видеа со 1,5 милијарди корисници.

Ектон го напушти Вотсап во септември минатата година и ја формираше непрофитната организација Сигнал фаундејшн, чија цел е да развие технологија која ќе го штити слободното изразување и ќе овозможи безбедна глобална комуникација.

Освен Ектон, Фејсбук го прозва и поранешниот ментор на Закерберг Роџер Мекнами. Тој изјави дека ФБ е соочен со криза на довербата на јавноста која може да ја уништи компанијата. Бришењето на фејсбук профилот можеби не е опција за секого, но оние кои сакаат да се одвојат од платформата ќе мора да ги избришат и апликациите кои се во сопственост на Фејсбук – Вотсап и Инстаграм.

Падот на акциите на Фејсбук е последица на скандалот поврзан со американските претседателски избори во 2016. Имено, откриено е дека Кембриџ аналитика (КА), компанија специјализирана за стратегиска комуникација, собрала податоци на 50 милиони корисници на Фејсбук без нивна дозвола за да изработат софтвер кој ќе овозможи предвидување и влијаење врз гласањето.

Тие податоци се собрани преку апликација за психолошко тестирање која ја презеле 270.000 корисници на социјалната мрежа, а ја развил рускиот психолог Александр Коган, кој потоа неоправдано ѝ ги отстапил на КА.

Од Фејсбук истакнаа дека апликацијата можела да има пристап и до податоците на „пријателите“ на корисникот кои ја преземале апликацијата и потврдија дека ја затвориле сметката на компанијата и ангажирале експерти за дигитална ревизија за да се разјасни аферата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top