Бразилски стипендии за македонски државјани според програмите PEC- PG и PEC – G

mon.jpg

Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија информира дека Министерството за надворешни работи на Федеративната Република Бразил обезбедува можност за вклучување на македонски студенти во програмите PEC-PG и PEC-G.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат за стипендии за додипломски и последипломски (магистерски и докторски) студии на најпрестижните државни универзитети во Бразил. Студиите се реализираат на португалски јазик.

Подетални информации за општите условите, критериумите, начинот и роковите за аплицирање можат да се обезбедат на следната веб страница:

http://www.dce.mre.gov.br/en/PEC/PECG.php

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail